6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEbay ги надмина очекувањата на аналитичарите

Ebay ги надмина очекувањата на аналитичарите

Добри вести за „eBay“: онлајн платформата за тргување ги надмина приходите на аналитичарите и очекувањата за профит во четвртиот квартал. Профитот во четвртото фискално тримесечје изнесува 763 милиони долари по загубата од 2,6 милијарди долари во минатата година, објави компанијата.

Во изминатата година милијарди долари беа отпишани поради даночните реформи на администрацијата на Трамп.

Приходите од продажба се зголемија за 6,3 отсто на 2,88 милијарди долари. Клучните податоци на компанијата со седиште во Сан Хозе ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Во тргувањето на берзата, акциите на „eBay“ се зголемија за 4%.

Сепак, гигантот во електронската трговија објави скромен раст од 6 отсто на продажбата во својот основен сегмент „Marketplace“. Вкупниот бруто волумен на малопродажба е зголемен само со 3% во четвртиот квартал, во споредба со 5% во претходниот квартал. Оперативните маргини продолжуваат да паѓаат, иако скромно.

Ова е причината зошто „eBay“ продолжува да биде под притисок на инвеститорите. Пред една недела влијателниот хеџ фонд „Elliott Management“ инсистираше за одделување на поделби, како берзата за билети „StubHub“ и на „Ebay Classifieds Group“.

Според „Elliott“ кој држи 4% од акциите на онлајн трговецот, токму продажбата на некои средства може да доведе до пораст на цената на акциите, станува јасно од нивното писмо. Во него се нуди план од 5 точки, чие извршување може да доведе до зголемување на курсот на акциите до крајот на 2020-та година до 63 долари од сегашните 34 долари.

Иницијативата на „Elliott“ јасно ги даде првите резултати. „Ebay“ објави дека има намера да исплати дивиденда за прв пат. „Ebay“ ќе плати 14 центи за удел со принос од околу 1,7 проценти, почнувајќи од март. Покрај тоа, компанијата објави дека ќе ја зголеми својата програма за откуп од 20 милијарди долари во 2019-та година.

Забрзаното враќање на капиталот беше експлицитно пропишано од „Elliott“ за „eBay“, како дел од својот план за подобрување на „eBay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП