3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевладините добија 49 милиони денари за развој на туризмот

Невладините добија 49 милиони денари за развој на туризмот

49 милиони денари се распределени на денешната свеченост за доделување договори на 12 невладини организации и асоцијации за спроведување проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот.

Овие средства се доделени преку проектот за локална и регионална конкурентност, кој се спроведува преку заедничка соработка на Владата, Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светската банка.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој ја отвори свеченоста, истакна дека вкупната вредност на проектот изнесува 18 милини евра, средства што во најголема мера се обезбедени од ИПА-фондовите, како и од буџетот на Македонија и од Светската банка, а на денешната свеченост се доделуваат договори за еден од трите сегменти наменети за невладини организациии и асоцијации што работат во туристичкиот сектор. Другите два сегмента, кои се опфатени со проектот за локална и регионална конкурентност, се грантови за микро и мали претријатија, а најголемиот дел од средствата е наменети за реализација на инфраструктурни проекти за поттикнување на туризмот во определени општини.

„Набргу се очекува потпишување договори и за двете други компоненти. Јавните повици се завршени, поднесени се апликации, завршена е евалуацијата, очекуваме набргу да се комплетираат сите потребни административно-технички работи и да се пристапи и кон потпишување договори и за другите средства. Преку грантовите што им се доделуваат на асоцијациите и невладините организации очекуваме да се подобрат туристичкиот пристап и понудата. Станува збор за интересни и диверзифицирани проекти, како што се рекреативното падобранство, летањето со балони, скијањето, јавањето коњи, со кои се покажуваат инвентивноста и креативноста на асоцијациите. Туризмот има голем потенцијален на раст, во последните години се бележи континуиран пораст на туристи, а со овие проекти на креативен начин се обидуваме дополнително да ја стимулираме локалната и регионалната конкурентност на туризмот“, потенцира Анѓушев.

Директорот на канцеларијата на Светската банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, посочи дека туризмот во светски рамки е значителен економски сектор, кој учествува со 10 проценти во глобалниот бруто-домашен производ, застапеност со 7 отсто во вредноста на меѓународната трговија и вкупно 30 проценти од извезените услуги во светот.

Претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Фрејк Јанмат, нагласи дека преку овој проект се промовираат туристички дестинации што не се доволно познати за странските туристи.

Директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак, рече дека јавниот повик беше распишан во март минатата година, на кој имаа можност да аплицираат широк спектар на корисници, вклучувајќи ги општините, јавните установи, регионалните плански центри, образовните установи, центрите за обука, невладините организации и микро и малите претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП