3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмстердам и Оукланд се меѓу најнедостапните градови за купување на живеалиште

Амстердам и Оукланд се меѓу најнедостапните градови за купување на живеалиште

Разликата помеѓу цените на живеалиштата и приходите достигна 740 милијарди долари на глобален план во 2018-та година, а Амстердам и Оукланд се меѓу најнедостапните градови за купување на дом, се вели во извештајот на консултантската компанија „Knight Frank“.

Цените на домовите во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиднеј, Торонто и Ванкувер исто така се многу високи, а Дубаи, Истанбул, Џакарта, Куала Лумпур, Лисабон, Манила, Рим и Сао Паоло се меѓу подостапните градови.

Некои градови го променија овој тренд. На пример, во Њујорк растот на приходите го надминува зголемувањето на цените на недвижностите со 3%. Во Москва, Сингапур, Мумбаи и Париз просечниот реален приход во последните пет години расте побрзо во споредба со цените на имотите.

Москва регистрира најголемата разлика со раст на реалните приходи кој го надмина растот на цените на недвижностите со 22%, а во Амстердам, Ванкувер и Оукланд зголемувањето на цените на недвижностите го надмина зголемувањето на реалните приходи односно со 59%, 46% и 32%.

Достапноста на домовите во Џакарта и Куала Лумпур останува клучен проблем, иако овие градови спаѓаат во групата на „подостапни“, бидејќи претприемачите ги намалуваат димензиите на новите станови, за да ја задржат вредноста на капиталот во достапни граници.

„Knight Frank“ објаснува кои фактори влијаат на достапноста, а меѓу нив се понудата на земјиште, регулациите и политичките очекувања дека има потреба од изградба на социјални станови.

Консултантската компанија забележува дека сега становите се сметаат за стока, бидејќи по финансиската криза тие престанале да бидат сложен инвестиционен инструмент, привлекувајќи огромни суми од фондови и корпорации.

„Проблемот со пристапноста не е ограничен само во еден-два града во светот. Иако Хонг Конг, Сан Франциско и Лондон може да се рангираат меѓу градовите кои многу недостапни за домување, проблемот како да се обезбеди пристап на вработените до живеалиште е заедничко за речиси сите успешни градски центри“, вели Лиам Бејли, раководител на глобалните истражувања во „Knight Френк“.

Во рамките на извештајот, „Knight Frank“ го објавува индексот на глобалната пристапност на живеалишта, кој ја анализира пристапноста во 32 града. Тој зема во предвид три клучни показатели – односот помеѓу цените на домовите и приходите, киријата како процент од приходот и реалниот раст на цените на живеалиштата во однос на порастот на реалниот приход.

Истражувањето покажува дека има растечка глобална разлика помеѓу цените на домовите и приходите. Во разгледуваните 32 града во последните пет години реалниот раст на просечните цени на живеалишта е понапред од просечниот реален раст на приходите за 16%.

„Зголемениот притисок врз достапноста на живеалиштата го менува однесувањето на претприемачите. Тој влијае на понудените видови на производи, локација, врз кои се фокусираат претприемачите, и дури организациите кои учествуваат во процесот на развој“, објаснува Бејли.

Авторите на извештајот вршат смотра на мерките што властите во Сан Франциско, Лондон, Хонг Конг, Њујорк и Мумбаи ги преземат за да се справат со достапноста на живеалиштата. Тие посочуваат дека заедничкиот соживот станува популарен во многу глобални градови.

Корпорациите исто влегуваат во полето на градежните претприемачи, како што е комплексот Менло Парк на „Facebook“, кој се состои од 1.500 станови. Создадени се и јавно-приватни партнерства како „Transport for London“, кој цели да игра сеопфатна улога во обезбедувањето при доделувањето на станови.

Во Хонг Конг беа воведени мерки за „ладење“ во обид за одложување на пазарот за недвижности, но според извештајот последиците од нив се ограничени. Зголемувањето на каматите и слабеењето на економијата поради падот на берзата може да го менуваат пазарот на недвижности во градот.

Освен тоа Владата во Хонг Конг активно се обидува да ја прошири земјата, наменета за изградба на живеалишта, така што создава нови острови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП