9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајдобрите паметни телефони во моментов

Најдобрите паметни телефони во моментов

smartphones_rect

Интересот за паметните телефони е огромен низ целиот свет, а тоа е мотивација речиси на секое издание да прави сопствена листа на најдобрите „паметни телефони“. Таква направи и британското издание „Indipendent“, па според нив ова е листата на најдобрите десет паметни телефони.

1. Nokia Lumia 925

telefon1

Последниот новитет од финската компанија „Nokia“ е исклучително брз паметен телефон, при што значително се нагласува фотографирањето. Располага со иновативен софтвер за снимање кој прави значително подобри слики при слаба осветленост во споредба со останатите конкуренти.

Неговата цена е 499.95 фунти

2. Samsung Galaxy S4

telefon2

Овој модел на јужнокорејскиот производител „Samsung“ има акцент на интегрирани особини поврзани со социјалните мрежи. Но една од особините која го издвојува од конкурентите е можноста за контрола со гестови.

Неговата цена е 399 фунти

3. iPhone 5

telefon3

Иако корисниците со нетрпение го очекуваат следниот модел „5S“ и актуелниот како таков е доволно добар за фановите на „Apple“. Новиот оперативен систем „iOS7“ е најавен за наесен.

Неговата цена е 699 фунти

4. Vodafone Smart Mini

telefon4

Ова е еден од најдобрите паметни телефони на пазарот според ова издание, а причина за тоа е неговата многу ниска цена. Има една од последните верзии на „Android“, иако не блеска со големината на екранот , брзината на чипот или големината на меморијата.

Неговата цена е 50 фунти

 5. HTC One X +

telefon5

Овој модел е претставен како можеби најубавиот на пазарот во моментов. Го одликува исклучително брз процесор и поголема меморија од цели 64 GB. Неговата камера може да снима видео во HD формат. Идеален е за работа со многу апликации истовремено.

Неговата цена е 349.99 фунти

6. Google LG Nexus 4

telefon6

Ова е паметен телефон во кој може да се интегрираат најновите софтверски можности на платформата „Android“. Камерата е првата со вградени панорамски функции, а како модел беше лидер и при можноста за безжично полнење.

Неговата цена е 239 фунти

7. Sony Xperia Z

telefon7

Со огромен HD-екран од 5 инчи, тој се одликува со исклучителна осветленост и одличен спектар на бои. Тој е отпорен на вода и прашина, што е меѓу главните карактеристики.

Неговата цена е 479 фунти

8. Motorola Razr i

telefon8

За правење на моделот е користен алуминиум од авионската индустрија. Во него е вложувано повеќе на дизајнот, а не толку на високите технички карактеристики. Сепак неговата ниска цена го прави исклучително привлечен.

Неговата цена е 270 фунти

9. Blackberry Q10

telefon9

Компанијата, иако сериозно ги загуби позициите на пазарот на паметни телефони, се уште ги произведуваат најдобрите модели со физичка тастатура. Тоа е првиот модел со новиот оперативен систем „Blackberry 10“.

Неговата цена е 549.99 фунти

10. Huawei Ascend P2

telefon10

Ова е официјално најбрзиот телефон во моментов. Компанијата го претстави минатата недела како најтенкиот паметен телефон на пазарот, кој се очекува да биде „убиец“ на „iPhone 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП