30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПесков: Русија со сите средства ќе ги брани своите интереси во Венецуела

Песков: Русија со сите средства ќе ги брани своите интереси во Венецуела

Русија ќе ги брани своите интереси во Венецуела во рамките на меѓународното право користејќи ги сите расположливи механизми, рече Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин.

Русија изминативе години одржува блиски врски со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и одобрува кредити за земјата, меѓу кои е и заемот на руската нафтена компанија „Росњефт“ за венецуелската компанија ПДВСА.

Станува збор за државна нафтена компанија за која администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека ќе и ги блокира средствата во вредност од седум милијарди долари.

Мерките имаат цел да му дадат ветер во грбот на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на земјата, а американската администрација го призна како легитимен лидер на Венецуела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП