10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на француската економија останува стабилен и покрај "жолтите елеци"

Растот на француската економија останува стабилен и покрај “жолтите елеци”

Француската економија порасна повеќе од очекуваното во последниот квартал од 2018-та година, бидејќи стабилниот извоз помогна да се компензира забавувањето при потрошувачка поради антивладините протести на „жолтите елеци“. Ова го покажуваат податоци од националната статистичка агенција „INSEE“, цитирани од „Ројтерс“.

Втората по големина економија во еврозоната се зголемила за 0,3% во последните три месеци од минатата година во однос на претходниот квартал – истото темпо, како и за периодот август-октомври.

Претходното читање, кое е поголемо од прогнозите за раст од само 0,1%, значи дека за годината порастот е од 1,5%, а тоа е под предвидувањата на владата за 1,7%.

Во четвртиот квартал трошоците за домаќинствата, традиционалниот двигател на францускиот раст, останаа непроменет по порастот од 0,4% во претходните три месеци. Ова се случува во контекст на најсилните улични протести во земјата од незадоволството на студентите од 1968-ма година.

Во исто време, деловните инвестиции, исто така, забележаа значително забавување на само 0,3% во кварталот од 1,7% во претходниот период.

Сепак, зголемувањето на извозот, кој на квартална основа се зголеми на 2,4% на крајот на годината, помогна да се забрза растот. Ова е исто така под стапката на раст на увозот од 1,6%. Како резултат на тоа, надворешната трговија додаде 0,2 процентни поени на севкупниот раст.

Податоците за француската економија можат да се прифатат како предвесник за состојбата на еврозоната како целина, чии податоци за кварталот ќе бидат претставени во четврток, посочува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП