18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетроит: Продажба на уметничките богатства за спас од кризата

Детроит: Продажба на уметничките богатства за спас од кризата

detroit1

Официјалните лица од Музејот во Детроит предупредија дека ако градот банкротира, музејот ќе мора да стави дел од свите богатства на аукција, односно ќе мора да ги продаде.

Со продажбата на делата од Ван Гог, Реноар и Матис ќе бидат исплатени некои делови од долговите на Детроит, но градот ќе остане без своето културно богатство, пренесува агенцијата АП.

Кевин Ор е експерт за банкрот кој е ангажиран да му помогне на Детроит да излезе од криза. Неговата канцеларија соопшти дека сеуште не постојат планови за продажба на градската историја, но дека се што е вредно во градот може да се најде на аукција.

Дури на оваа листа ќе биде ставена и зоолошката градина и старите автомобили кои се голем спомен за градот.

И додека детроитскиот Институт за уметност се обидува да пронајде начин да излезе од оваа несакана ситуација, јавниот обвинител и Сенатот размислуваат дали ваквиот начин на расчистување на долговите ќе биде легален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП