22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

На предлог на Министерството за земјоделство, Владата вчера ја усвои програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, информираа од Владата.

Целта е да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини, обезбедување на стабилно производство на квалитетна храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството, обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство и други мерки за земјоделската дејност и за одржлив развој на руралните подрачја, инфомираа од владината прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП