18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајсреќната земја во светот бара 150.000 работници

Најсреќната земја во светот бара 150.000 работници

Финска е најсреќната земја во светот, но нејзиното население старее побрзо отколку повеќето други, што ја тера локалната власт да најдат нови жители кои ќе помогнат во исплатата на поголемиот број на пензионери.

Уредувањето на пазарот на трудот најверојатно ќе биде главното прашање на парламентарните избори во Финска, кое ќе се одржи на 14 април, а според извештајот на Државната агенција објавена во понеделникот во кој се нагласуваат клучните предизвици во наредниот период, новата влада ќе мора да најде начин да ја подигне стапката на вработеност на 75 проценти од сите работоспособни Финци до 2023 година и 80 отсто потоа, објави Блумберг.

Како што е наведено, сегашната стапка е 72 отсто, што одговара на целта поставена во 2015 година од страна на сегашниот премиер Јуха Сипила и кој тогаш се сметаше за многу тешко достижен.

Во тоа време, само 68 проценти од работоспособното население во Финска имаше работа.

Денес, повеќе од 140.000 луѓе имаат работни места во споредба со времето кога Сипила беше на должност, а дури околу 150.000 нови работници ќе и бидат неопходни за да може најсеверната членка на еврозоната да го одржи својот систем на социјална помош.

“Финансирање на нашиот нордиски модел, кој не прави најсреќна земја во светот со неверојатно висок стандард на живеење, зависи од високата стапка на вработување”, рече Аки Кангашарју, главен економист на нордиските банки и додаде дека Финска мора да се осигура дека секој што може да работи да има работа.

Глобалниот економски раст, исто така, генерира вработување, но тој тренд наскоро ќе исчезне поради бавниот раст на најголемата економија во светот.

Кангашарју гледа решение во уште подлабоки реформи на пазарот на трудот кои би можеле да го зголемат бројот на слободни работни места, пренесува Танјуг.

Покрај тоа, Финците, исто така, би можеле да се подготват за одредено затегнување на ременот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП