4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе дискутира за подготвеноста за брегзит

ЕУ ќе дискутира за подготвеноста за брегзит

Европската Унија ќе дискутира за својата подготвеност и евентуалноста за брегзит за време на средба на 30 јануари, вели портпаролот од ЕУ.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, вели дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ќе учествува во дебатата за повлекувањето на Британија од Европската Унија.

Шинас додава дека 27-те земји членки на Унијата веќе се согласиле за излезот и за договорот за брегзитот и дека тој не е отворен за повторно преговарање.

На 15 јануари договорот на премиерката на Британија, Тереза Меј, беше офрлен со мнозинство гласови (230) во Домот на комуните, најголемиот пораз за владејачка гарнитура во историјата на Велика Британија.

Во вторник Домот на комуните повторно ќе гласа, овој пат за предлогот на Меј за алтернативна стратегија за брегзитот, односно план Б, но се шпекулира дека и овој предлог ќе биде отфрлен од страна на опозицијата.

Парламентарците ќе гласаат за тоа дали прермиерката треба да бара одложување на планираниот брегзит на 29 март ако договорот не биде одобрен до 26 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП