21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарализата на администрацијата ќе ја чини САД 3 милијарди долари

Парализата на администрацијата ќе ја чини САД 3 милијарди долари

Американската економија ќе изгуби 3 милијарди долари поради делумното прекинување на работата на администрацијата поради побараното финансирање од претседателот Доналд Трамп за изградба на ѕидот на границата со Мексико. Тоа го покажува истражувањето на Буџетската служба на Конгресот која ги оценува ефектите од најдолгата административна блокада во историјата на САД.

Според податоците на агенцијата, цитирани од „Ројтерс“, трошоците за делумното запирање на работа, која траеше 35 дена, ќе го забави растот на економијата со 0,02% во споредба со очекувањата за 2019-та година. Повеќето опипливи ефекти сепак ќе бидат почувствувани од бизнисот и вработените.

Генерално американската економија загубила околу 11 милијарди долари од петнеделната блокада, но се очекува 8 милијарди долари да бидат вратени, бидејќи администрацијата ја обновува работа и државните службеници ќе почнат повторно да добиваат средства.

Парализата беше прекината во петокот, кога Трамп и Конгресот се договорија за привремено владино финансирање, што сепак не ги вклучува бараните средства за ѕидот со Мексико во износ од 5,7 милијарди долари.

Комисијата од демократи и републиканци има закажана средба во среда, во рамките на која ќе биде направен обид за постигнување компромис во однос на граничната безбедност, пред да истече крајниот рок на 15-ти февруари. Според познавачите, сепак самата средба, која е отворена за „аутсајдери“, нема да доведе до значаен напредок, а надежите се во последователните средби на затворено.

Во исто време претседателот се закани со ново блокирање на администрацијата, ако не биде постигнат договор со законодавците што го задоволува неговото барање. Трамп исто така се закани дека може да прогласи и вонредна состојба во обид да го добие бараното финансирање.

Повеќето државни службеници треба да добијат награда до четврток, а според истражувањето тие средства изнесуваат вкупно 6 милијарди долари. Но под-изведувачите и бизнисите кои се потпираат на работата на федералните службеници, ќе треба да се справат со значителни загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП