26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеталот, кој се очекува најмногу да поскапи во 2019-та година

Металот, кој се очекува најмногу да поскапи во 2019-та година

Паладиумот беше металот кој најдобро се претстави во 2018-та година. Тој не само што поскапе значително, но дури сега е поскап и од злато, што се немаше случено од 2002-ра година.

Кој метал, сепак, ќе има најдобри шанси да им донесе на инвеститорите добар принос во 2019-та година?

Материјалот од „Bloomberg“ укажува дека тоа може да биде среброто. Главната причина е растечкиот недостаток на металот.

Среброто поскапе со 9,1% во декември, што беше најдобар месец по речиси 2 година. Вкупно 11 трејдери и аналитичари, со кои „Bloomberg“ разговараше, наведуваат дека цената во 2019-та година може да се зголеми до 17.50 долари за унца, наспроти 15.87 долари во моментов.

Вкупно 26.000 тони сребро се очекува да бидат произведени во оваа година, покажуваат прогнозите на Робин Бар, аналитичар во „Societe Generale SA“. Ова ќе биде најнизок износ од 2013-та година, што значи дека побарувачката за сребро ќе ја надмине понудата веќе седма година по ред.

„Растот кај понудата почна да забавува, при тоа во поголем степен од кој и да е друг метал“, вели Џон ЛаФорж, главен аналитичар во „Wells Fargo Investment Institute“.

Побарувачката денес доаѓа главно од три насоки – накит и прибор за јадење. Инвеститорите го гледаат металот, како и златото, како добри „хеџинг“ инструменти во тековните нестабилни времиња на пазарите.

Вкупно 55% од потрошувачката на сребро денес е во индустријата, во споредба со само 10 проценти на златото. Високата спроводливост на металот наспроти струјата и топлина, како и неговите антибактериски квалитети го прават вреден производ при изработката на илјадници производи.

Секторот дури се очекува да ја зголеми побарувачката на металот во 2019-та година, според аналитичарите на „Bloomberg“, Ејли Онг и Тобајас Нистедт. Според нив побарувачката на сребро се очекува да се зголеми за 50% до 2023-та година во однос на 17% за бакарот и 11% за златото.

Други аналитичари не се толку големи оптимисти, како што Хуи Шан од „Goldman Sachs Group“, според кого забавувањето на економскиот раст во светски рамки ќе се одрази и на побарувачката на среброто.

Сепак, ФЕД, исто така, ќе бидат еден од факторите кои ќе влијаат на неговата цена. Среброто и златото се претставија најдобро во последните 3 месеци од 2018-та година, кога инвеститорите очекуваа уште покачување на каматите во САД.

Откако тоа веќе е факт од ФЕД најавија дека планираат да продолжат со зголемување на каматите, но веќе со послаби чекори во 2019-та година, како што се претпоставува ќе бидат сведоци на уште две движења во нагорна насока.

Едно е сигурно, ако ФЕД повторно ги зголеми каматите, тоа ќе ја зголеми вредноста на среброто и златото. Ако ова не се случи, дури можеме да видиме пад.

Среброто не беше меѓу омилените метали на инвеститорите до крајот на 2018-та година. Тогаш сепак инвеститорските ставови се променија и главен профитер од тоа е токму среброто, вели Марија Смирнова, портфолио менаџер во „Sprott Asset Management“, кој денес управува со средства од 7.6 милијарди долари.

Во 2018-та година среброто загуби над 9% од вредноста, откако во претходните две години носеше 7 и 16% принос на инвеститорите.

Денес златото и среброто се тргуваат во сооднос малку над 82. Треба да потсетиме дека во 1991-ва година, кога среброто го достигна своето „дно“, соодносот го најде својот максимум при 100. Во 2007-ма година соодносот е во просек 51.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП