17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААпел од Давос: Светот да прифати 4 дневна работна недела

Апел од Давос: Светот да прифати 4 дневна работна недела

Пократко работно време ќе има голем број на бенефиции за работниците и работодавачите, и светот треба да ја прифати работна недела од четири дена.

Ова го порачаа психологот Адам Грант и економистот и историчар Рутгер Брегман на Светскиот економски форум во Давос.

“Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако се намали работното време, луѓето подобро и поефикасно ќе го насочат своето внимание, и ќе изработат исто како и за подолгото работно време, и тоа често ќе биде подобро и по креативно. Тие, исто така ќе бидат по лојални на организациите кои се подготвени да им дадат флексибилност за да се грижат за својот живот надвор од работа “, изјави Адам Грант, психолог на Вартон школата на Универзитетот во Пенсилванија.

Економистот и историчар Рутгер Брегман, автор на книгата Утопија за реалисти, се согласува со Грант и објаснува дека пократка работна недела и не е толку радикална.

“Со децении, најзначајните економисти, филозофи, социолози веруваа дека до 1970-тите дека сите ние ќе работиме помалку. Во дваесеттите и триесеттите години на минатиот век имаше големи капиталистички претприемачи кои откриле дека ако се скрати работната недела, вработените стануваат попродуктивни . Хенри Форд, на пример, открил дека ако ја промените работна недела од 60 часа на 40 часа, вработените стануваат попродуктивни, бидејќи тие не биле толку уморни во своето слободно време “, рече Бергман.

Овој став е поддржан од страна на академски истражувања. Повеќе студии го поддржуваат ставот дека пократка работна седмица ќе ги направи луѓето посреќни и попродуктивни, а податоците на ОЕЦД покажуваат дека земјите со култура на долги работни часови често имаат лош резултат за продуктивноста и БДП по работен час.

Академици кои ја проучувале студијата, пријавија пониско ниво на стрес, повисоко ниво на задоволство од работата и подобро чувство на рамнотежа помеѓу работата и животот. Тие велат дека работниците биле 20 проценти попродуктивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП