17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот и натаму продолжува да паѓа

Биткоинот и натаму продолжува да паѓа

Болниот колапс во цената на биткоинот продолжува и во 2019-та година, па криптовалутата утрово ја достигна до најниска вредност од пред еден месец.

По вчерашниот пад и достигнувајќи ја цената од 3.392,17 долари, утрово во 9.00 часот по македонско време цената изнесуваше 3.346,14 или намалување од 4,05%.

Падот придонесе за најлошиот пад на „Bloomberg Galaxy Crypto“ индексот во текот на две недели.

Инвеститорите во криптовалути набљудуваат еден доста фрустрирачки старт на годината, надевајќи се падовите во цените да останале во 2018-та година. За последните 12 месеци над 400 милијарди долари пазарна капитализација беше избришана, а главна причина за слабите резултати беше разочарувањето од тоа што дигиталните парите се уште не достигнаа широка употреба.

Вкупната пазарна капитализација на крипто-валутите моментално изнесува околу 113 милијарди долари, според „CoinMarketCap.com“.

Во исто време сегментот останува под напон и откако т.н. „Рудари“ почнаа да сфаќаат дека нивните просечени трошоци за добивање на биткоини се поголеми од нивната вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП