5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот премиер најави зголемување на минималната плата

Грчкиот премиер најави зголемување на минималната плата

Премиерот на Грција Алексис Ципрас се очекува да објави зголемување на минималната плата за време на состанокот со неговиот кабинет, што претставува првото вакво зголемување во деценијата.

Откако земјата излезе од кризата, владата најави дека ќе ги укине некои од непопуларните реформи кои беа спроведени поради исплатата на долговите.

Точната сума на зголемувањето се очекува да биде објавена од Ципрас, по консултациите со владините претставници, работодавачи и трудовите синдикати.

Стандардната минимална месечна плата беше намалена за 22 проценти и изнесуваше 586 евра во 2012.

Поголема стапка беше воведена за работниците под 25 години, како дел од мерките одредени од интернационалните кредитори со цел да пазарот на трудот да стане пофлексибилен, а економијата покомпетитивна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП