6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците најголеми песимисти за вработувањето

Европејците најголеми песимисти за вработувањето

nevraboteni3

Повеќето луѓе во целиот свет вработувањето во локалните области го оценија како мрачно, а Европејците водат во врска со песимизмот во врска со наѓањето работа.

57 проценти од испитаниците во целиот свет соопштија дека минатата година била лош момент за вработување, што всушност е непроменета сума во однос на 2011 година, иако глобалното мислење за перспективите за вработување се подобри во однос на 2009 година, покажуваат податоците на истражувањето кое го спроведе американската компанија „Галуп“.

Во Европа која е погодена од рецесија, 75 проценти од испитаницте изјавија дека минатата година била лош момент за наоѓање работа, со што ги надмина останатите региони во светот во однос на песимизмот.

Земјите од еврозоната водат на листата за песимизам, па Грција, Италија и Шпанија се оценети како најлоши места за наоѓање работа, според мислењето на граѓаните од тие земји.

Во Грција, чија економија потона за 20 проценти во периодот меѓу 2007 и 2012 година, 98 проценти од испитаниците, перспективите за вработување ги оценија како лоши.

Во Шпанија, каде невработеноста изнесува повеќе од 27 проценти, 94 проценти од испитаниците изјавиле дека минатата година била лоша за наоѓање на работа.

Од друга страна, во САД дојде до голем пресврт, 40 проценти од испитаниците изјавиле дека е добар момент за вработување, а 54 го кажале спротивното.

Меѓутоа, според оптимизмот за вработување водат земјите во развој, така 73 проценти од испитаниците од Саудиска Арабија и Тајланд изјавиле дека минатата година била добар момент за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП