26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно и студено, попладне дожд

Облачно и студено, попладне дожд

Преку ноќта и утрово во поголем дел од земјава времето беше променливо облачно, а по котлините магливо и постудено. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, повремено врнежите ќе имаат обилен карактер.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаба магла претпладне. Преку денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, пообилни ќе бидат претежно во источните делови. Поради заладувањето во четврток врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминат во снег. По одделни котлини ќе им ауслови за појава на магла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП