4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите за финансии од ЕУ не постигнаа договор за банките

Министрите за финансии од ЕУ не постигнаа договор за банките

image

Министрите за финансии на земјите од ЕУ не успеаја да постигнат согласност како најдобро да се реши прашањето за банките, без да има потреба даночните обврзници да ги спасуваат кредиторите, изјави францускиот министер за финансии Пјер Московиси.

Тој нагласи дека, иако преговорите траеле до раните утрински часови, министрите останале на различни ставови за клучните прашања и дека ќе биде одржана вонредна седница во среда.

Министрите требаше да дефинираат нови правила за редот по кој инвеститорите и кредиторите ќе треба да плаќаат за реструктуирање на банките. Некои земји барале пофлексибилна примена на правилата. Други биле против, стравувајќи дека тоа ќе предизвика нов дебаланс меѓу послабите и посилните економии.

Московиси изрази увереност дека идната недела министрите ќе постигнат договор.

Според дипломатски извори, Германија и Холандија биле меѓу земјите кои го попречувале постигнувањето на договорот, настојувајќи да нема голема флексибилност во спроведувањето на правилата.

Пред средбата во Луксембург слична позиција изразија и Австрија и Европската централна банка.

Според аналитичарите постои опасност доколку во брзо време не биде постигнат договорот по ова прашање, затоа што ќе нема доволно време да се заврши законодавниот процес пред изборите за Европскиот парламент идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП