20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСорос во Давос: Кина е најопасен непријател

Сорос во Давос: Кина е најопасен непријател

Џорџ Сорос го карактеризира кинескиот претседател Ши Жинпинг како „најопасниот непријател“ на отворените општества и препорача да се преземат мерки против кинеските технолошки компании.

Тој исто така додаде дека вештачката интелигенција и машинското учење претставуваат опасност кога се контролирани од авторитарни држави. Тој ја посочи употребата на таквите технологии од страна на кинеската влада како „смртна опасност“.

Сорос предупреди и дека кинеската влада развива систем на „социјален кредит“ преку кој ќе се мониторираат граѓаните во земјата и ги повика САД да се спротивстават на таквата закана.

„Наместо да водат војна со целиот свет, САД треба да се фокусираат на Кина“, изјави тој.

Сорос рече и дека САД треба да извршат поголем притисок врз кинеските технолошки компании „Хуавеи“ и „ЗТЕ“, кои беа карактеризирани како опасност по националната безбедност на САД.

Двете компании, кои произведуваат опрема и паметни телефони, негираат дека нивните прозиводи претставуваат опасност по безбедноста.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Сорос за извртување на фактите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар