8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley најавува специјален модел со кој ќе одобележи еден век постоење (видео)

Bentley најавува специјален модел со кој ќе одобележи еден век постоење (видео)

На почетокот на март, на женевскиот авто-саем, ќе биде претставена специјална верзија на еден „Bentley“ модел со кој овој производител на суперлуксузни автомобили ќе одбележи голем јубилеј – 100 години од основањето.

„Bentley“ по тој повод објави прв „тизер“ како најава на премиерата на јубилејниот модел, за кој се шпекулира дека ќе биде заснован на серискиот „Continental GT“.

Од компанијата засега не откриваат повеќе детали, освен информацијата дека специјалната едиција е инспирирана од тркачкото наследство на брендот „Bentley“.

Повеќе детали ќе бидат познати пред стартот на саемот во Женева, а автомобилот официјално ќе биде претставен на 5-ти март на овој настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП