„Renault“ ги објави фотографиите и деталите за својот нов F1 2014 агрегат. Новата 1.6 литарска V6 турбо единица го доби името „Energy F1-2012“ како осврт на додадените важни системи, како оној за искористување на енергијата (ERS), кои се опфатени во регулативите за следната сезона.
Од сезоната 2014-та актуелниот 2.4 литарски атмосферски V8, кој вртеше до максимални 18.000 o/min, ќе биде заменет со помала 1.6 литарска V6 турбо единица, која повторно ќе биде ограничена на само 15.000 o/min.
Новиот агрегат ќе испорачува околу 610 ks, но тие ќе бидат потпомогнати со моќниот „ERS“ систем кој додава уште околу 160ks и значително ја подигнува ефикасноста на моторот собирајќи ја целата топлина која настанува од издувните гасови и сопирачките.
Иако максималната комбинирана снага ќе биде поголема од онаа кај V8 агрегатот, потрошувачката ќе биде радикално унапредена, па така „Renault“ предвидува дека новата погонска единица ќе користи 35 проценти помалку гориво од сега. Ова е многу важно прашање со оглед на новите регулативи, затоа што оваа област е регулирана и бара секој болид да може на стартот на трката да понесе максимално 100 kg гориво.
„Renault“ ќе продолжи со својата соработка со шампионскиот тим на „Red Bull“, додека француската компанија ќе ги замени моторите на „Ferarri“ во екипата на „Toro Rosso“. Другите два тима кои ги снабдуваат со агрегати „Lotus“ и „Caterham“, дури допрва треба да ги потврдат снабдувањата за сезоната 2014-та.