25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст во продажбата на средни и тешки моторни возила во ЕУ

Пораст во продажбата на средни и тешки моторни возила во ЕУ

Пазарот за комерцијални возила во Европската Унија бележи пораст од 3,2% во 2018 за разлика од претходната година, велат од Европската асоцијација за производство на автомобили (АЦЕА).

Минатата година бројот на нови комерцијални возила што биле регистрирани достигнал 2,5 милиони, соопшти АЦЕА.

Шпанија, Франција и Германија покажале најголем пораст во продажбите од 6,5%, 4,9% и 4.6%.

Истовремено, Италија и Велика Британија бележат пад во побарувачката за 4,1% и 1,9%, се вели во извештајот.

Од јануари до декември, побарувачката за комбиња – лесни возила за комерцијална употреба – скокнала за 3,1% со што достигнала регистрација на повеќе од 2 милиони нови возила.

Асоцијацијата вели дека побарувачката за тешки возила, камиони, останува позитивна во истиот период.

„Сè на сè, 305.811 нови, тешки возила за комерцијална употреба се регистрирани во ЕУ во 2018, или 3,1% повеќе од 2017 година“, се вели во извештајот.

Во 2018 година, околу 42.000 средни/тешки автобуси биле регистрирани во ЕУ, или 1,3% повеќе од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП