19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ја одржува својата прогноза за раст во 2019-та од 1,7%

Франција ја одржува својата прогноза за раст во 2019-та од 1,7%

Франција ќе се придржува кон својата прогноза за економскиот раст во 2019-та година од 1,7%, како и кон плановите за оданочување на најголемите интернет и софтверски компании, изјави министерот за финансии на земјата Бруно ле Мер.

„Ние нема да ја ревидираме прогнозата за растот за 2019-та година, затоа што сметаме дека ќе имаме раст од околу 1,7%“, рече Бруно ле Мер за „Ројтерс“ во интервју за време на Светскиот економски форум во Давос.

Франција е претстоен претседател на „Г7“ и според министерот за финансии треба да се разгледа можноста за одредување на вкупен минимален данок, за да можат водечките економии да се справи со силата на гигантските мултинационални корпорации.

„Ќе ја ставиме идејата за фер оданочување на интернет гигантите на маса“, рече Бруно Ле Мер.

Главниот приоритет на Франција за „Г-7“ во однос на финансиите во 2019-та година е да ги натера компаниите да плаќаат повеќе даноци делумно преку создавање на минимален данок. Со слична основа, според зборовите на Ле Мер, ќе престане практиката на големите компании да регистрираат профит во т.н. „Даночни засолништа“ или територии со пониски стапки.

Во меѓувреме, во четвртокот, стана јасно дека активноста во услужниот сектор во Франција се намалил на скоро петгодишен минимум. Индексот на менаџерите по налозите во секторот на услугите на агенција „IHS Markit“ се намалува до 47,5 поени во јануари во однос на 49 поени во претходниот месец. За споредба, консензус прогноза на пазарот беше 50,5 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП