28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е попрофитабилно за колумбијците, златото или кокаинот?

Што е попрофитабилно за колумбијците, златото или кокаинот?

gold_bloom

Колумбиските криминални групи имаат голема добивка од нелегалната екстракција на злато, која е најмалку 5 пати поголема од добивката која ја носи производството и извозот на кокаин.

За производство на кокаин потребни се околу 6 месеци и значителни познавања, додека само за една недела вооружените групи можат да откопаат до 2 кг злато од рудниците во земјата.

Во земјата е забележан раст во ископувањата на злато, кобалт, варовник и дури градежни материјали. Од ова тие заработуваат многу повеќе пари, отколку од кокаинот или киднапирањата.

Во моментов, цената на златото е под 1.300 долари за унца што се случува за прв пат од септември 2010-та година, но и покрај тоа овој вид на бизнис во земјата цвета. По нафтата и јагленот, злато го зазема третото место во извозот на земјата. Во 2012-та година Колумбија извезе 70 тони злато, што според официјалните податоци двата најголеми производители во земјата имаат удел од 10-15 проценти. Кој ли ги произведува останатите 85 проценти? Само од почетокот на 2013-та година во земјата се затворени 336 нелегални рудници, што е повеќе од 330-те во 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП