28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаконот за задолжителни резерви на нафта помина во прва фаза во Комисијата...

Законот за задолжителни резерви на нафта помина во прва фаза во Комисијата за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Преглог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, во прво читање, и едногласно со 10 гласа „за“ заклучи дека е прифатлив и оти треба да седаде на натамошно читање.

Како што образложи заменик министерката за финансии Ширет Елези измените и дополнувањата на законот се носат со цел да се усогласи со новиот Закон за енергетика и истовремено да се овозможи Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати да ја утврди количината на задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати со постапка која ќе ги минимизира трошоците.

-Со измените треба да се усогласат и условите за складирање на нафта кои ќе бидат согласно правилниците во сила со минималните технички услови заобјектите за чување на нафтените деривати. Се предлагаат и законски решенија со кои се овозможува Дирекцијата да може да ги обновува дел од потрошените количини од задолжителните резерви на нафтени деривати, рече Елези.

Со измените, додаде, се пропишува начинот и условите на пуштање во промет на задолжителните резерви во случај на нафтена криза, како и начинот и условите за размена и продажба на нафтените деривати заради обновување и одржување на квалитетот и постапката за продажба на нафтените деривати од резервите поради нивна обнова преку јавна лицитација.

-Заради обновата е утврдена можноста за намалување на цената на нафтените деривати до 10 отсто од нивната пазарна цена. До 2015 година Макпетрол беше одговорен за задолжителните резеви на нафта и нафтени деривати, а сега е Дирекцијата. Станува збор за 13 милиони тони нафта и нафтени деривати за кои се обврзни да се надоместат, рече Елези.

Крајната цел на предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати е пропишување на постапка за продажба на нафтени деривати од задолжителните резерви во случај на настанување на нафтена криза од поголеми размери, како и продажба заради нивно обновување во исклучителни случаи кога од различни причини Дирекцијата е принудена самостојно да го врши обновувањето, се со цел да не се применуваат одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, каде што се предвидени попусти од 30 или 50 отсто, во насока на минимизирање на финансиските загуби на Дирекцијата при обновувањето на задолжителните резерви.

Едногласно со 10 гласа „за“ и без расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност во 2017 година и му предложи на Собранието да ја разгледа и усвои на пленарана седница.

Во извештајот се посочува дека КХВ во 2017 година одобрила четири барања за давање на одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност со вкупна вредност на емисиите од 249 милиони денари или околу пет милиони евра што е намалување во однос на 2016 година кога биле издадени за околу 18 милиони евра. На крајот на 2017 година на официјалниот пазар биле котирани акции на 107 акционерски друштва од кои 29 од потсегментот суперкотација и берзанска котација и 78 во делот на задолжителна котација. Вкупниот остварен промет во 2017 година изнесува околу 2,9 милијарди денари или 47,22 милиони евра што е зголемување од околу 25 отст во споредба со претходната година. Прометот остварен преку блок трансакции изнесува 1,82 милијарди денари или 30 милиони евра. Пазарната котираност на акциите на крајот на 2017 година достигна речиси 132 милијарди денари или околу 2,2 милијарди евра, односн раст од 18,37 проценти во споредба со 2016 година.

Собраниската комисија едногласно со седум гласа „за“ на предлог на пратеникот Реџаил Исмаили од ДУИ одлучи во најскоро време да спроведе јавна расправа за Законот за игри на среќа и забавните игри. До расправата пратенците треба на службите да им достават предлози кого да повикаат на јавната дебата. Исмаили предложи да се повикаат градоначалниците на општините, особено на Битола и Гевгелија, како и активистите од движењето Антикоцкање и претставници на верските организации. Претеникот Диме Велковски од СДСМ, пак, посочи дека треба да се повикаат и претставници од организаторите на игри на среќа за да се опфатат сите засегнати, бидејќи, како што рече, во овој сектор работат од шест до седум илијади лица и евентуалното укинување ќе има сериозни импликации на Буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП