28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИComcast пријатно ги изненади инвеститорите со својот извештај

Comcast пријатно ги изненади инвеститорите со својот извештај

Најголемиот американски снабдувач на кабелски услуги „Comcast Corp.“ забележа приходи и профит за кварталот кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Компанијата успеа да загуби помал број претплатници од прогнозираното и успеа да го прошири телевизискиот бизнис и тој со тематски паркови, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на компанијата со седиште во Филаделфија ја зголемија својата вредност за скоро 3% пред почетокот на трговијата. „Comcast“ објави уште дека ќе ја зголеми дивидендата до 10%.

Приходите на компанијата скокнаа со 26,1% на годишна основа до 27,85 милијарди долари во четвртиот квартал. На приспособена основа приходите достигнаа 28,28 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа износот да е 27,55 милијарди долари според податоците на „Refinitiv“.

Ако се исклучат некои елементи, „Comcast“ заработи по 64 центи по акција, над просечната прогноза за 62 центи по акција.

Нето добивката е намалена до 2,51 милијарди долари, или 55 центи по акција, од 15 милијарди долари, или 3,17 долари по акција, од пред една година, кога компанијата го искористи бонусот од 12,7 милијарди долари поради даночните промени во САД.

Компанијата објави дека загубила 29.000 видео корисници во кварталот што е помалку од 33-те илјади во минатата година, како и под очекуваните од аналитичарите 62.000 според „FactSet“.

Приходите од видео сегментот се намалил за 1,6% до 5,58 милијарди долари на годишно ниво, додека американските потрошувачи продолжуваат да се откажуваат од поскапата платена телевизија, и се насочуваат кон поевтините стриминг услуги, како „Netflix“.

„NBCUniversal“ која ќе пушти стриминг платформа во почетокот на 2020-та година, забележа 7,1% раст на приходите до 9,40 милијарди долари.

Приходите од филмската забава се зголемиле за 14 отсто, поттикнати од насловите, како „Гринч“, а оние од тематските паркови, се зголемија за 3,6% до 1,51 милијарди долари. Приходите од телевизиските услуги, исто така бележат раст со 4 отсто до 3,10 милијарди долари.

Приходите на „Comcast“ од нејзиниот бизнис со широкопојасен интернет се зголемиле за 10,1%, достигнувајќи 4,40 милијарди долари, откако компанијата привлече 351.000 нето претплатници, што е над забележаните 350.000 пред 12 месеци. Сепак податоците се пониски од просечната прогноза од 356.000.

Капиталните расходи на „Comcast“ скокна за речиси 17 отсто на годишно ниво до 3,17 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП