Последиците од најновите настани во Венецуела и неизвесноста околу излезот на Белика Британија од Европската Унија ќе бидат клучни теми на денешните дискусии на Светскиот економски форум во Давос.
Денеска и утре ќе се разговара за брегзитот, глобалната трговија, посебно за спорот помеѓу САД и Кина, климатските промени, светските политички и бизнис елити и она што се случува во Венецуела, откако САД го признаа опозициониот лидер, Хуан Гуаидо за привремен претседател, пренесе „АП“.
Светскиот економски форум во Давос почна на 22 јанури, а ќе заврши утре.