20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите Американци стануваат побогати и помлади

Богатите Американци стануваат побогати и помлади

Студијата на „Spectrem Group“, која се однесува на американските инвеститори со најмалку 25 милиони долари, откри дека просечната возраст на богатите паднала за 11 години од 2014-та до 47 години, објави „Bloomberg“.

Бројот на богати Американци се зголеми повеќе од двојно по светската рецесија во 2008-ма година.

Просечната возраст на луѓе кои поседуваат најмалку еден милион долари паднаа на 62 години.

Анализата сугерира дека во последниве години започнало пренесувањето на богатството од постарите генерации кон помладите.

Според Џорџ Валпер Јуниор, претседател на „Spectrem“, истражувањето опфаќа 185 американски државјани.

Богатите луѓе на возраст над 65 години поседуваат повеќе од една третина од богатството на САД.

Појавата на цела нова генерација милионери и милијардери покренува едно прашање – од каде доаѓаат тие пари?

Веројатно акумулацијата на нивното богатство не се должи на неговото наследство, туку на личните активности што ги развиваат младите милионери.

Околу 172.000 американски домаќинства имаат нето вредност од најмалку 25 милиони долари, велат од „Spectrem“, што е 84.000 повеќе од 2008-ма година.

Околу девет од десет инвеститори на возраст под 38 години го објаснуваат своето богатство преку права на наследство и семејни врски. Тие, исто така, укажуваат на „напорна работа“ и „управувањето со сопствен бизнис“, како главен фактор во изградбата на оваа состојба.

70% од испитаниците велат дека се уште работат.

Зголемувањето на бројот на супер богати млади луѓе не треба да биде изненадувачки со оглед на процесите кои продолжуваат да се забележуваат во Силиконската долина.

Развојот на технологијата и формирањето на лесното вложување на капитал создадоа многу поголем број нови милијардери и мултимилионери во последниве години, отколку кога било досега.

Првичната јавна понуда или силниот финансиски круг би можеле да извадат нов богат преку ноќ, додека нивните предци честопати го спечалиле богатството и изградиле корпоративни империи со децении, посочуваат од „Spectrem“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП