3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: ММФ и Светската банка треба да се реформираат

Меркел: ММФ и Светската банка треба да се реформираат

Германскиот канцелар Ангела Меркел заштити ревносно мултилатералниот ред по Втората светска војна, велејќи дека компромисот е доблест во меѓународните односи. Нејзините зборови беа толкувани како прикриена критика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“.

Во своето обраќање пред светските политички и бизнис лидери во Давос, Меркел ги повика западните земји да размислуваат надвор од тесните национални интереси и да ги реформираат глобалните институции во поглед на постигнување на профитабилни резултати за сите.

Германија, која е најголемата економија во Европа, е силно зависна од меѓународната трговија и поради тоа е силно заинтересирана за зачувувањето на интегритетот на глобалните мултилатерални системи кои сега се соочуваат со пристапот „Америка на прво место“ на Трамп.

„Западниот свет треба да дејствува против фрагментацијата на меѓународната архитектура и да биде подготвен да ги реформира постоечките институции“, рече Меркел во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

„Мислам дека треба да го разбереме нашиот интерес во начинот на кој размислуваме за интересите на другите, и на тој начин создаваме ситуација со победа. Ова е предуслов за мултилатералноста“, додаде германскиот канцелар.

„Глобалните организации како Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка треба да се реформираат за да ја вратат довербата во глобалниот финансиски систем“, рече Меркел.

„Долго време земјите со новите економии, како што се Кина и Индија влијаат врз светската економија многу силно, а кога постојниот систем трае предолго време за реакција, последиците се дека останатите земји стануваат забележливи преку нови институции“, додаде таа.

Меркел, која е канцелар веќе 13 години, се обидува да го заштити западниот сојуз, потресен од претседателството на Трамп и да ја зајакне Европската унија, во кој Германија го вложи повоениот идентитет, но сега тој е подложен на тест од „Brexit“ и национализмот.

Таа беше наречена „последниот бранител на либералниот Запад“, кога Трамп го наследи Обама, иако не го прифаќа прекарот.

Меркел рече дека Европа тргна по патот што не гарантира успех, затоа што се соочува со економските сили како САД и Кина. „Бараме сојузници кои ги делат нашите вредности“, рече Меркел.

„Гледаме колку ефикасна е економската сила денес“, рече таа, наведувајќи ги санкциите врз Иран и ефективноста на американската надворешна политика. „Ова се должи на силата на доларот како валута“, рече Меркел.

„Во овој случај, се поставува прашањето за тоа како ние во еврозоната можеме да станеме толку доминантни. Како можеме да ја имаме економската тежина на рамнотежата … мора да бидеме економски силни за да се изјасниме“, вели канцеларката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП