понеделник, 23 мај 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија предупредува на ризиците од издавањето „златни визи”

Европската комисија предупредува на ризиците од издавањето „златни визи”

Европската комисија ќе го објави извештајот со кој ги повикува членките на Европската Унија да бидат внимателни при давањето ,,златни визи”, што е контроверзна национална политика што им овозможува на богатите инвеститори да добијат право на престој, па дури и европско државјанство.

Оваа пракса од која корист имаат пред сè американски, кинески и руски богаташи, „доведува до одреден број опасности во поглед на сигурноста, перењето пари или затајувањето данок”, се наведува во извештајот.

Комисијата од членките на ЕУ бара да бидат построги при проверката на кандидати за ,,златна виза” и потранспарентни за начините на кои ја даваат ваквата привилегија.

Земјите како Малта, Кипар и Бугарија се издвојуваат посебно поради нивниот систем кој овозможува во замена за инвестиции да се добие државјанство, и со самото тоа да се овозможи слободно движење во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП