7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛе Мер: Нееднаквоста би можела да го уништи капитализмот

Ле Мер: Нееднаквоста би можела да го уништи капитализмот

Фрнацускиот конзервативен министер за финансии, Бруно ле Мер, предупредува дека капитализмот би можел да се сруши ако светската нееднаквост продолжи да расте.

Во говорот на почетокот на француското претседавање со Г7, Бруно ле Мер рекол дека токму тие седум држави треба да го разгледаат воспоставувањето заеднички данок на корпорации и да се борат против моќните мултинационални компании.

„Капитализмот мора повторно да се измисли или нема да го преживее растот на нееднаквоста во делови во светот“, предупредува францускиот министер.

„Не можеме вечно да го плаќаме високиот раст со зголемување на нееднаквоста. Стигнавме до крајот на таа логика“ додава Ле Мер.

Нееднаквоста е видена како една од причините за растот на популарноста на популистичките партии во богатите држави и организаторите на движењето „жолти елеци“ во Франција, поттикнати од тврдењата дека францускиот претседател Емануел Макрон е претседател на богатите. Макрон во првата година од мандатот го укина данокот на богатство.

Ле Мер смета дека владите треба да обрнат внимание на предупредувачкиот знак што го испраќаат оние кои велат дека немаат корист од глобализацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП