3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорпоративните лидери прогнозираат забавување во растот на економијата и во 2019-та

Корпоративните лидери прогнозираат забавување во растот на економијата и во 2019-та

Голем дел од извршните директори на различни компании во секој регион во светот сметаат дека забавувањето на растот на економијата ќе продолжи и во текот на оваа година, пишува „Quartz“.

До овој заклучок достигнува годишната голема студија на „PricewaterhouseCoopers“ (PwC), која опфаќа мислењата на бројни корпоративни лидери.

Зголемената претпазливост се споделува меѓу голем дел од испитаниците, независно од нивниот географски регион.

Во понеделникот овие стравувања беа потврдени и од Меѓународниот монетарен фонд, кој предвидува глобален раст од 3,5 отсто за оваа година. Тоа е под претходната прогноза за 3,7% раст од октомври и под растот за 2018-та година.

Но, директорите генерално остануваат оптимисти. Може да се каже дека да емитуваат доверба е дел од нивната работа, што може да објасни зошто 42% од нив се уште сметаат дека глобалниот економски раст ќе се забрза во оваа година.

Регионот со најмногу песимисти меѓу извршните директори во однос на економскиот раст во 2019-та година е Блискиот Исток (38%), следени од Западна Европа (33%) и Централна и Источна Европа (31%). Корпоративните претставници од Латинска Америка се најголеми оптимисти на економијата – 50%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП