29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: БДП ќе биде помал за 2,4 проценти

Словенија: БДП ќе биде помал за 2,4 проценти

slo1

Канцеларијата на словенечката влада за макроекономска анализа и развој (УМАР), проценила дека бруто домашниот производ (БДП) оваа година ќе биде помал за 2,4 проценти.

Според проценката на УМАР, БДП идната година ќе падне за 0,2 проценти, но тој пад може да биде и поголем.

УМАР на тој начин ги поправи претходните предвидувања дека падот на БДП во 2013 година ќе биде 1,9 проценти.

Министерот за финансии на Словенија Урош Чуфер вчера на состанокот со европскиот комесар за конкурентност Јоаким Алмуњ во Луксембург, го договараше убрзувањето на преносот на побарување на банките во „слаба банка“ и за новинарите изјави дека првиот дел од побарувањето од НЛБ банката ќе биде веќе идната недела пренесен во „слаба банка“.

Поради слабата состојба на економијата Владата на Словенија вчера го усвои ребалансот на буџетот, кој приходите на државата ги намалува за 542 милиони евра, на 8,069 милијарди евра, а расходите, поради прераспределување на парите меѓу ресорите, ќе останат речиси непроменети, 9,616 милијарди евра.

Со ребалансот, буџетскиот дефицит е зголемен за 2,8 проценти на 4,4 проценти од БДП, односно на 1,5 милијарди евра.

Премиерката беше критична и кон претходниците велејќи дека тогаш „усвоениот буџет бил сосема нереален, што го потврдува фактот дека било крај на месецот“. Буџетскиот дефицит изнесувал 1,1 милијарди евра, што е за 230 милиони евра повеќе отколку што било планирано за целата година.

Таа додаде дека ребалансот на буџетот го критикувале и економијата и опозицијата, бидејќи најмногу пари ќе бидат скратени за инвестиции и движење на економијата, но дека станува збор за оние кои го критикуваат зголемувањето на даноците и буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП