3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата во Германија за ограничување на брзината на автопатиштата

Дебата во Германија за ограничување на брзината на автопатиштата

Предлогот за наметнување на универзално ограничување на брзината на 130 километри на час на германските автопатишта, предизвика гнев кај Германците, пренесе АП.

Германскиот министер за сообраќај, Андреас Счеуер изјавил дека оваа идеја оди против здравиот разум, додека пак истакнатиот пратеник на „Зелената партија“ во Биндестагот, Џем Ездемир, денеска го бранел предлогот, нарекувајќи го разумен чин.

Германија е ретка земја во светот каде нема ограничувања на брзината на автопатиштата.

Оваа идеја, сепак е на ниво на размислувања и нејзините предлагачи тврдат дека со тоа би се намалило загадувањето, би помогнало во борбата против климатските промени и би го намалило бројот на сообраќајните несреќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП