20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ја усвои предлог-програмата за реализација на Планот за чист воздух

Владата ја усвои предлог-програмата за реализација на Планот за чист воздух

Владата на редовната 116. седница ја усвои предлог-програмата за реализирање на планот за чист воздух за 2019 година.

Имајќи предвид дека борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата, програмата се заснова на 4 компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализацијата на програмата.

Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од 2 милиона евра. Парите ќе се наменат за финансирање замена на постојните нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во земјата, како и за набавка на прочистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти.

Во акцискиот план за намалување на аерозагадувањето за 2019 година се вметнати и иницијативи на три граѓански организации што се однесуваат на изработка на посебна веб-страница, каде што на едноставен начин ќе бидат наброени сите мерки што треба да ги спроведат државните институции и на инсталирање филтри во малите и средните претпријатија, особено во оние од дрвната дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП