3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБизнис совети од Тони Сопрано

Бизнис совети од Тони Сопрано

Actor James Gandolfini at the Regency Hotel in New York.

Легендарниот Тони Сопрано кој во хит серијата „Сопранови“ го глумеше предвреме починатиот Џејмс Гандолфини, ни даде некои од најефикасните деловни совети.

Експертите за деловен менаџмент како пример неретко ги наведуваат историските личности како што се Линколн, Атила или дури Исус Христос.

Сепак, некои од најефикасните деловни совети ни ги даде легендарниот „контраверзен бизнисмен“ Тони Сопрано кој во хит серијата „Сопранови“ го глумеше Џејмс Гандолфини, кој прерано почина од срцев удар.

Познанствата се се

Тони Сопрано е свесен дека силните и позитивни врски се клучот за успехот во деловниот, но и во приватниот живот. Од друга страна, недефинираните и конфликтните односи можат да доведат до несакани резултати.

Внимателно со информациите

Посветете внимание на тоа каде ќе зборувате отворено. Не е секој разговор за сечии уши. Случајно откриена информација може да доведе до недоразбирање и да ја загрози довербата на тимот во водачот.

Бидете на лице-место

Без разлика дали се работи за стриптиз-бар или за италијански ресторан, Тони Сопрано секогаш е на располагање на своите соработници и со своето присуство им го олеснува донесувањето на одлуките.

Пружете им помош на младите

Бидете ментор на младите бидејќи тие ќе ви пружат поддршка кога ќе остарите. Тони во работата го внесе својот внук, што е метода со која се овозможува полесен премин до власта и поддршка во кризните ситуации.

Верувајте им на своите соништа

Тони Сопрано своите соништа не ги разбира лесно и во нив ја бара смислата која неретко ќе пресуди при носењето на деловните одлуки. Нашата потсвест често го знае она што свеста одбива да го прифати.

Поврзете ја работата со уживањето

Иако идејата на прв поглед се чини како контрапродуктивна, Тони комбинацијата од работа и забава ја користи за да ја зајакне деловната врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП