4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Германија и Франција сакаат европска војска

Меркел: Германија и Франција сакаат европска војска

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија и Франција сакаат да се основа европска војска и покрај острото противење на таквата идеја од страна на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Новиот договор за германско-француска соработка потпишан во Ахен кој предвидува приближување во одбранбениот сектор, придонесува за создавање на европска армија, објави германската канцеларка.

Меркел пред сè го спомена развојот на заедничка воена култура и заедничка воена индустрија, што се наоѓа и во новиот договор, со кој се проширен и продлабочен Елисејскиот договор од 1963 година. Францускиот претседател и германската канцеларка минатата есен изразија желба да создадат европска армија што предизвика критики од страна на Трамп.

Тој тоа го оцени како многу навредлив проект и ги нападна изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон кој кажа дека целта на таа армија би била да ја одбрани Европа од земји како Русија, Кина, но и САД.

Новиот француско-германски договор има клаузула за билатералната солидарност меѓу двете земји во случај на агресија, сличен на членот кој ги обврзува и земјите од НАТО. Текстот вели дека се помага со сите расположливи средства, вклучувајќи и воени, во случај на агресија врз територијата. Ова исто така важи и за терористички напади. Потпишаниот документ предвидува земјите да ги подигнат своите односи на ново ниво и да се подготват за предизвиците со кои се соочуваат во 21-от век.

Макрон беше брз да ги осуди лагите, кои како што рече, се шират во врска со договорот со Германија.

„Оние кои ја забораваат вредноста на француско-германското помирување стануваат соучесници на злосторствата од минатото“, рече францускиот претседател.

Од друга страна, француската екстремна десница тврди дека текстот предвидува германскиот јазик да стане административен јазик во француските региони на Алзас и Лорена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП