20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАudi го смени шефот за развој

Аudi го смени шефот за развој

Audi-Wolfgang-Durheimer-2-1024x640

„Audi“ го смени Волфганг Дирхајмер, членот на Управниот одбор задолжен за развој на нови модели. На негово место е поставен Урлих Хакеберг кој истата функција ја вршеше во Фолксваген.

Веста претставува изненадување со оглед дека Дирхајмер на чело на одделението за развој дојде во септември 2012-та година.

Германскиот автомобилски гигант не ја откри причината за неговата смена, а извори од компанијата наведуваат дека Дирхајмер си заминал поради концепциски несогласувања, неговата одлука да се повлечат од електричните модели како што се „A1 e-tron“ и „R8 e-tron“ и различните мислења во врска со тоа дали „Audi“ треба да ги дели своите платформи со другите производители.

Во соопштението се наведува дека  Волфганг Дирхајмер ќе биде распореден на друга позиција во рамките на Фолксваген групацијата. Дирхајмер претходно вршеше значајни функции внатре во групацијата, вклучувајќи ги и должностите извршен директор на „Bentley“, претседател на „Bugatti“ и шеф на развојот во „Porsche“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП