29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И Владата претходно соопшти дека од утре ќе ги укине препораките за граѓаните поради намалување на прагот на штетните ПМ10-честички во воздухот во текот на вчерашниот ден.

„По добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на метар кубен и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 18 часот се укинуваат вонредните мерки, меѓу кои e и бесплатниот јавен превоз, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 20 јануари 2019 година“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот.

„И покрај расчистувањето на воздухот, Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот“, апелираат од Градот.

Мерките, меѓу кои и бесплатниот јавен превоз, беа воведени во неделата во 12 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП