25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБритански медиуми: Тереза ​​Меј има план Б, а тој изгледа како план...

Британски медиуми: Тереза ​​Меј има план Б, а тој изгледа како план А

Британската премиерка Тереза ​​Меј го претстави својот план Б за брегзит, а според тамошните медиуми тој е сличен на планот А.

Меј со својот план Б во парламентот се обиде да издејствува усвојување на претходно отфрлениот договор кој таа го постигна со Европската унија, додаваат бритнаските медиуми. Но, на Меј пред тоа, потребно и е да обезбеди промена на ставот на Унијата околу границата со Ирска.

Кога станува збор за она што планира да направи откако договорот за напушатње на ЕУ минатата недела беше отфрелн од страна на парламентот, таа вчера изјави дека посоти загриженост поради осигурителната политика чија цел е да се гарантира дека по брегзитот нема да има царински контроли долж границата со Ирска, која е членка на ЕУ, и британската територија на Северна Ирска, пишува АП.

Тереза Меј, во Долниот дом пред пратениците истакна дека оваа недела „се уште ќе се разговара со колегите … да се разгледа како би можеле да ги исполни своите обврски кон народот на (британската провинција), Северна Ирска и Република Ирска на начин на кој ќе може да се добие најголема можна поддршка во Долниот дома”.

„Тогаш заклучоците од сите разговори ќе и ги пренесам на Европската унија”, рече Меј.

Европскиот блок, сепак, нагласува дека нема повторно да преговара за договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП