17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Русија

Раст на невработеноста во Русија

rusija1

Прв пат по неколку години во мај во Русија беше забележан раст на невработеноста, изјави заменик министерот за економски развој Андреј Клепач.

Тој на новинарите им објасни дека невработеноста во лето секогаш се намалува поради сезонските земјоделски работи.

Невработеноста сега е незначително пониска во номинален поглед, но ако се одземат сезонските и календарските фактори, тогаш постои раст на невработеноста во претходниот месец.

Во март нивото на невработеност, без сезонските влијанија, изнесуваше 5,2 проценти, во април 5,3 проценти, а во мај 5,5 проценти, прецизираше Клепач, пренесува агенцијата Франс Прес.

Според неговите зборови, кочниците за растот и негативниот тренд во индустријата веќе започнуваат да се пренесуваат на намалувањето на невработеноста.

На овој начин, смета заменик министерот, стагнацијата во индустријата започнува да се одразува на пазарот на трудот, бидејќи неопходно е да се намалат трошоците, кои доведуваат до отпуштања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП