9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе постави ограничување од 130 км/ч на своите „аутобани“ до 2023-та

Германија ќе постави ограничување од 130 км/ч на своите „аутобани“ до 2023-та

Германија планира да воведе ограничување на брзината на 130 км/ч, кое влегува во сила во 2023-та година.

Во моментов, овие 130 км/ч се препорачуваат како брзини на германските автопати.

Дел од новите еколошки мерки преземени од страна на властите во Германија е намалување на брзината на локалните „аутобани“.

Веќе е формирана специјална комисија за нивно спроведување. Покрај намалувањето на максималната брзина на автопатиштата, тие нудат уште зголемување на акцизите на горивата и на квотите за електрични возила.

Документот достапен за „Ројтерс“ досега покажал ограничување од 130 км/ч. Тоа, заедно со останатите мерки – зголемувањето на акцизите на горивата, укинувањето на даночните поттикнувања за дизел автомобилите, како и зголемувањето на квотите за продажба на хибриди и електрични возила, треба да стапи во сила во Германија во 2023-та година.

Засега, Германија е единствената земја во Европа каде што не постојат максимални ограничувања на брзината на некои автопати. Значи овие патишта станаа легенда, бидејќи тие продолжуваат да ги привлекуваат љубителите на брзи и моќни автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП