26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо Harley-Davidson на струја, пристигнува и електричен Ducati (видео)

По Harley-Davidson на струја, пристигнува и електричен Ducati (видео)

Кога еден „Harley-Davidson“ можеше да направи голема промена во бизнис политиката и да ја прифати електрификацијата на погонот за своите мотоцикли, зошто тоа да не го сторат и други?

Италијанскиот производител „Ducati“ е еден од нив. Според зборовите на генералниот директор, Клаудио Доменикели, оваа компанија наскоро ќе го претстави својот електричен мотоцикл.

„Иднината е електрична, а ние не сме далеку од стартувањето на сериското производство“, рече Доменикели.

Oва не е прв пат името на „Ducati“ да се поврзува со електричен погон – уште во 2017-та нивниот шеф за западна Европа говореше за плановите на овој производител за изработка на електричен скутер, но и мотоцикл на струја. Тогаш се планираше сериското производство да започне во 2021-ва година.

Исто така, во „Ducati“ веќе имаат изработено голем број модели на електрични мотоцикли, а заедно со Политехничкиот факултет за дизајн во Милано претставија и футуристички концепт за електричен мотоцикл наречен „Ducati Zero“ (на фотографијата и во приложеното видео).

За овој производител ширењето на понудата на електрични модели е логичен и очекуван чекор, а сега добивме и службена потврда од првиот човек на компанијата за тоа дека забрзано се работи на ваков вид мотоцикл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП