28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

Италијанската централна банка ја намали прогнозата за економскиот раст во оваа и следната година, а во исто време упати сигнал дека третата по големина економија во еврозоната може да се соочува со нова рецесија на крајот на 2018-та година, објави „Bloomberg“.

Економијата на земјата е зголемена за 0,6% во оваа година и ќе се зголеми за 0,9% во следната година во однос на предвидените порано 1% и 1,1%, објави централната банка во тримесечниот економски билтен.

„Објавените нови податоци за меѓународната трговија, економската активност и бизнис расположението во Италија и еврозоната покажаа не толку поволен развој на светската и на италијанската економија“, се наведува во извештајот.

Италија се обидува да излезе од долгогодишната економска стагнација, а Европската комисија прогнозира дека земјата ќе има најспор раст меѓу 19-те земји членки на еврозоната оваа и следната година. Популистичката влада се потпира на својот експанзивен буџет и програми за стимулирање на економскиот раст.

Италијанските државни хартии од вредност го ограничија растот по објавувањето на извештајот на централната банка, па приносот на 10-годишните обврзници порасна до 2,76%. Ова го намали јазот со еквивалентните германски државни хартии од вредност на околу 250 базични поени, што е приближно 75 базични поени под ноемврискиот максимум.

Обновените предвидувања покажуваат значително намалување на очекуваните инвестиции во оваа година, кој се очекува да се зголемат за 0,6% во споредба со претходно предвидените 2,1%. Растот на потрошувачката на домаќинствата во 2019-та година исто така беше намален до 0,6% во споредба со претходно проектираниот раст од 1%.

Централната банка соопшти дека економијата може да се намали кон крајот на минатата година, што фактички е сигнал дека земјата влегува во рецесија по намалувањето за 0,1% во третиот квартал.

„Моделите за прогнозирање на Италијанската централна банка покажаа дека во четвртиот квартал од 2018-та година бруто домашниот производ на Италија може повторно да е намален по лесниот пад, регистриран во трите претходни месеци“, соопштува банката. „Ова може негативно да влијае на кредитните услови и довербата на домаќинствата и компаниите и на тој начин на економската активност“, додадаваат од банката.

Во ревидираниот буџетски план во декември италијанската влада соопшти дека очекува економијата да порасне во четвртиот квартал, така што ќе го компензира регистрираниот пад во претходните три месеци.

Претходно оваа недела анкетата на централната банка покажа дека италијанскиот бизнис стана песимистички кон растот во последните месеци од 2018-та година и дека мислењето за општата економска состојба е значително влошена во сите сектори.

Италијанскиот завод за статистика, „Istat“, ќе ги објави своите првични податоци за бруто домашниот производ од четвртиот квартал на 31-ви јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП