3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија на „распродажба“

Словенија на „распродажба“

slo3

Владата на Словенија се залага за продажба на 15 државни претпријатија, се со цел да ја стабилизира финансиската состојба и да ја извади земјата од криза, пишува порталот „index.hr“.

Аеродромот во Љубљана, „Адрија Ервејз“, „Техника“, „Нова Кредитна банка Марибор“, „Телеком Словенија“, „Цинкарна Цеље“, „Господарско разставишче“, „Палома“, „Терме Олимпија“, „Унион“, „Жито“, „Елан“, „Фотон“ и „Хелиос“  се петнаесет словенечки државни компании кои наскоро треба да бидат продадени.

Словенечката државна телевизија објави дека парламентот на таа поранешна југословенска република на денешната вонредна седница треба да одлучи за листата од петнаесет компании во кои државата има мнозински удел.

Според предлогот на владата на премиерката Аленка Братушек тие компании треба да бидат продадени што поскоро.

Со предлозите за продажба на словенечките претпријатија, премиерката Братушек само ја послуша препораката на Европската комисија која на Словенците им предложи продажба за што побрзо да излезат од кризата и да ги стабилизираат јавните финансии.

За некои претпријатија, како што наведува „index.hr“, веќе постои интерес, па така, за 73 проценти од „Хелиос“ веќе стигнале понуди од американската компанија „PPG“ и австриската „Ring International“.

Опозицијата овој бран на „распродажба“ на Словенија го критикува како недоволно транспарентен и бара воспоставување на стратегија за управување со државниот имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП