23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗапочнете со работење, доста со размислување!

Започнете со работење, доста со размислување!

Кога ќе се соочите со голема одлука во вашиот бизнис, лесно е да се започне со дебатирање. Кога дебатираме и размислуваме околу предностите и недостатоците, ние често сме заглавени во повторување на истите аргументи наместо да направиме избор. Ефективните лидери развиваат доверба за да превземат решителна акција, вештина која ги прави попродуктивни.

Како лидер вие сакате да го пронајдете најдоброто решение. Сакате да направите истражување, да се консултирате со вашиот тим, да претставите јасни опции, но внимавајте да не заглавите во тоа која опција е најдобра.

Ако се најдете заглавени во донесување одлуки (како што сме сите понекогаш), еве три начини да го пробиете тој циклус:

1. Фокусирајте се да бидете прилагодливи, а не совршени. Многу менаџери се во потрага по правиот одговор, или решение кое ќе гарантира успех. “Лидерите мора да признаат дека тоа е всушност невозможно да се подготви за секој можен исход”. Дури и внимателните одлуки често имаат последици.

Имајте цел да бидете приспособливи. Трендот во бизнисот дефинитивно цели кон полесно планирање. Стратегијата го олеснува товарот на индивидуалните одлуки и ви дава повеќе моќ да го промените курсот откако ќе добиете нови информации.

2. Вклучете ја можноста за неуспех. Многу од менаџерите што дебатираат, се расправаат и негодуваат и потоа создаваат еден бесконечен циклус. Нивните аргументи се со цел да спречат неуспех, но иронично го прават спротивното. За да се ослободите од парализата на прекувремено размислување, треба да бидете удобни со фактот дека секоја од вашите опции може да доведе до неуспех.

Оставете го стравот од неуспех на страна и размислувајте за неуспехот поразлично. Наместо да го гледате како крајна точка, гледајте го како почетна. Гледајте го како нова информација која ви дава можност да се прилагодите и подобрите.

3. Слушајте ги вашите инстинкти. На крајот на краиштата, треба да направите избор врз она што го чувствувате. Ако не сте сигурни што треба да направите фрлете паричка. Вашиот инстинкт ќе ви помогне – верувајте во тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП