20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија на петтото место според резрвите на злато во светот

Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

Русија ја надмина Кина и стана петата земја според резервите на злато во светот, откако западните санкции ја стимулираа нејзината централна банка да купува рекордни количества од благородниот метал во 2018-та година, покажуваат податоците, цитирани од „Ројтерс“.

Со поддршка на претседателот Владимир Путин, централната банка се залага сериозно за зголемување на златните резерви, што се смета за азил и природна препрека во однос на доларот, со активни набавки во последните десет години.

Во 2018-та година купените количини на злато од Русија скокна уште повеќе по ограничувањето на посед на американски државни хартии од вредност поради наметнатите санкции од Вашингтон на руски компании во април, кои се најстрогите по анексијата на Крим во 2014-та година.

Централната банка минатата година купи 8,8 милиони унци, надградувајќи го својот рекорд од 7,2 милиони унци во 2017-та година, објави банката.

До 1-ви јануари оваа година централната банка има 67,9 милиони унци злато наспроти 59,1 милиони унци во почетокот на 2018-та година, што ја претвора во петата земја во ова рангирање по САД, Германија, Франција и Италија.

Кина останува на шестото место откако објави зголемување на резервите на злато само еднаш во изминатите две години. Резервите на земјата се зголемија на 59,6 милиони унци во декември 2018-та година, во споредба со 59,2 милиони унци во октомври 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП