27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМожна поделба на RBS

Можна поделба на RBS

rbs1

Британската влада размислува да ја подели „Royal Bank of Scotland“, изјави министерот за финансии во средата, а ова е потенцијално радикален потег кој укажува на се поголемата фрустрација на владата, бидејќи веќе пет години не успеаа да ја надминат кризата во банкарскиот сектор, пишува „Wall Street Journal“.

Џорџ Озборн рече дека неговото министерство „хитно ќе ја разгледа“ можноста за поделба на „RBS“, која е 81 процент во сопственост на државата, откако во 2008 година ја спаси од пропаст.

„Ќе видиме дали е добро за Британија да се подели „RBS“, рече Озборн во своето годишно обраќање пред лондонската финансиска заедница.

Според неговите зборови, конечната одлука зависи од проценката на министерството за финансии дали таквиот потег ќе го поттикне кредитирањето на фирмите и поединците и дали ќе го забрза враќањето на „RBS“ во приватна сопственост.

Една од можностите за кои се размислува е релативно мал дел од „RBS“ – потенцијално вклучувајќи ја и нивната ирска банка во проблемите и голем број на комерцијални заеми за недвижнини – да се префрли во владиното тело.

Каков и да е исходот од оваа анализа, таа укажува на нов правец на владата во однос према „RBS“. Озборн вчера изјави дека тој и останатите претставници погрешиле бидејќи уште пред неколку години не ги раздвоиле лошите од здравите делови на банката. „RBS“ на крајот од 2008 година добила околу 71 милијарди долари за даночните обврзници, за да излезе од банкрот. Озборн изјави дека нејзиното враќање во приватни раце е „уште далеку“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП