28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел и Меј разговарале телефонски за Брегзитот

Меркел и Меј разговарале телефонски за Брегзитот

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и британската премиерка, Тереза Меј, разговарале телефонски за процесот на Брегзитот, соопшти кабинетот на канцеларката, без да наведе детали.

Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт, истакна дека Меркел и Меј вчера разговарале за следните чекори, но проблемот не може да биде решен преку телефонски разговор помеѓу канцеларката и премиерката.

„Прво што ни е потребно е основа за нов предлог, нов правец што Велика Британија најави дека ќе се дефинира в понеделник“, наведе Зајберт.

Германските функционери укажаа дека нема промена во ставот на Берлин оти е тешко да се замисли почеток на нови преговори за договорот за Брегзит.

Британскиот Парламент во понеделникот го отфрли договорот за Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП