
Еден од најпопуларните американски градови, Њујорк, исто така наречен „Големото јаболко“, објави рекордна година за својот туризам.


Еден од најпопуларните американски градови, Њујорк, исто така наречен „Големото јаболко“, објави рекордна година за својот туризам.
Во 2018-та година еден од најголемите градови во светот и осми по густина на населението е посетен од 65.2 милиони туристи, според новите податоци на туристичката организација „NYC & Company“.
Од нив 51.6 милиони се Американци, а останатите 13,5 милиони се туристи од странство, во споредба со 13.1 странски посетители во 2017-та година.
Британците ја предводат листата на странските посетители со 1.24 милиони, следуваат жителите на Кина (1,1 милиони), Канада (1 милион), Бразил (920.000) и Франција (807.000).
Њујорк се рангирана на шестото место на листата на најпосетени градови во светот од страна на странски туристи, според годишната студија на „Mastercard – Global Destination Cities“ објавена во септември, врз основа на предвидените 13.1 милиони посетители.
Бангкок е лидер на ранг-листата, по што следеа Лондон, Париз, Дубаи и Сингапур.
Американската финансиска престолнина, во која туристичката индустрија вработува повеќе од 390.000 луѓе, се надева дека ќе го подобри својот рекорд повторно во 2019-та година со прогноза од 67 милиони посетители.